Jавен повик за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади на општина Крива Паланка

Врз основа на член 38-г од Статутот на Општина  Крива Паланка  („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.08/2010) и член 3 од Одлуката за основање на Советот на млади на Општина Крива Паланка (Службен гласник на Општина Крива Паланка  бр.08/2014), Советот на Општина Крива Паланка, објавува

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ

НА СОВЕТ НА МЛАДИНА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

1. Се покренува постапка за избор на членови на Советот на млади на Општина Крива Паланка.

Советот на млади на Општина Крива Паланка  е советодавно тело на Советот на Општина Крива Паланка, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во Општина Крива Паланка .

Во Советот на млади на Општина Крива Паланка  можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка -жители на Општина Крива Паланка, со старосна граница од 15 до 30 години.

2. Советот на млади на Општина Крива  Паланка  брои 7 (седум) членови.

Советот од своите членови бира претседател и заменик претседател.

Членовите на Советот на млади на Општина Крива Паланка се бираат со мандат од 4 (четири) години.

3. Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади на Општина Крива Паланка  имаат: невладини организациии, здруженија на млади, ученички совети, студенски совети и други субјекти.

4. При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој Јавен повик:

-Образец СМ-1 (Образец – предлог кандидат за член на Советот на млади на Општина Крива Паланка );

-Образец СМ-2 (Образец – Согласност за прифаќање на кандидатурата за член на Советот на млади);

-Образец СМ-3 (образец – Согласност дека кандидатот за член на Советот е предложен согласно актите на институцијата).

Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

5. Предлагачот се должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и:

– Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга на родените на постар од 6 месеци или фотокопија од лична карта);

– Кратка биографија на кандидатот;

– Фотокопија од регистрација на здружението.

Ненавремено доставените документи и нецелосна документација нема да се разгледува.

6. Рокот за поднесување на предлози за кандидатот за член на Советот на млади на Општина Крива Паланка  е 5 работни дена вклучувајќи го и денот на објавата на овој јавен повик на Веб страната на  Општина Крива  Паланка.

Потребните обрасци од точка 4 на овој Јавен повик можат да се подигнат од Општина Крива Паланка  – Канцеларија за прием на странки.

Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Општина Крива Паланка, се доставуваат лично во архивата на општината, во затворен плик А4 формат, со назнака – Предлог кандидат за избор на членови на Советот на млади на Општина Крива Паланка, на следната адреса: Општина Крива Паланка, ул.Св.Јоаким Осоговски  бр.175, Крива Паланка.

Претседател на Совет на
Општина Крива Паланка
Борче Стојчевски

Големина на фонт
Контраст