Граѓаните на буџетскиот форум ги избраа приоритетните проекти и програми

Проектот за изградба на канализациска мрежа, на потегот од Центарот за култура до населбата Маневци, беше избран за најприоритетен проект од страна на учесниците на 5-та форумска сесија од буџетскиот форум што се спроведе во Крива Паланка.

[embpicasa id=”6091889003488215265″]

Овој проект доби најголема поддршка од граѓаните во процесот на приоретизирање на вкупно 30 проекти, кои претходно беа претселектирани од страна на Работната група на форумот.

Според поените на работните маси, во најприоритетните проекти влегуваат и изработката на техничка документација за регулација на долови и буици, кофинансирањето на општината за реализација на проекти од ЕУ фондовите и од други програми и донатори, отворање на Младински културен центар, сервисни служби за помош и нега, поттикнување на развојот на туризам и друго.

Од вкупно 10 селектирани буџетски програми, пак, најголема поддршка добија програмите за Урбанистичко планирање, за Уредување на градежно земјиште и за Локален економски развој.

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски им се заблагодари на граѓаните за нивното активно учество во буџетскиот форумски процес и за придонесот во креирањето на општинскиот буџет за 2015 година.

-Особено ми е задоволство што најголем број од граѓанските предлози и приоритети се совпаѓаат со приоритетите на општината, кои веќе се вклучени во буџетските програми за 2015 година. Како општина ветуваме дека ќе правиме напори да го реализираме најприоритетниот проект произлезен од буџетскиот форумски процес, како и останатите приоритетни предлози од страна на граѓаните.Сепак, апелирам и граѓаните да соработуваат со општината при реализацијата на проектите што се од важност исклучиво за подобрување на нивниот квалитет на живот. Се знае дека проектите од инфраструктурата се најприоритетни и најпотребни за нив, но најчесто зафаќаат земјиште во приватна сопственост, при што граѓаните треба да покажат подготвеност да дадат свој придонес за нивно непречено и успешно спроведување, нагласи Арсовски.

Тој вети дека во иднина, без оглед дали ќе биде обезбедена донаторска поддршка или не, Крива Паланка како општина ќе го практикува буџетскиот форум за изготвување на буџет во консултација со граѓаните.

На крајот од петтата форумска сесија, на градоначалникот му беа врачени и препораките, произлезени од буџетскиот форум, а за кои граѓаните ссметаат дека општината би требало да ги реализира во иднина.

По циклусот од 5 сесии, Работна група ќе го следи спроведувањето на приоритетните програми и проекти на буџетскиот форум, а на шестата форумска сесија, која треба да се одржи во септември 2015 година, општината треба да даде отчет за реализираните форумски одлуки.

Големина на фонт
Контраст