Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 50-а став 6 и член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14), градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното


С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт-Локална урбанистичка планска документација за изградба на туристичко-угостителски комплекс на к.п.бр.379 во К.О. Б’с на локалитет до „Езерце“, Општина Крива Паланка

Јавната анкета по Нацрт-локалната урбанистичка планска документација за изградба на туристичко-угостителски комплекс на к.п.бр.379 во К.О. Б’с на локалитет до „Езерце“ во општината Крива Паланка, ќе се одржи од 28.11.2014 година до 05.12.2014 година секој работен ден од 08,00-16,00 часот во просториите на архивата на општината Крива Паланка.

Нацрт-локалната урбанистичка планска документација ќе биде изложена и во Центарот за култура во Крива Паланка.

Јавната презентација по Нацрт-локалната урбанистичка планска документација за изградба на туристичко-угостителски комплекс на к.п.бр.379 во К.О. Б’с на локалитет до „Езерце“ во општината Крива Паланка ќе се одржи на ден 01.12.2014 година во 12,оо часот во малата сала на општината Крива Паланка.

Границата на планскиот опфат е:

  • На исток до локален пат;
  • На југ до к.п.бр.383; к.п.бр.380 и к.п.бр.381;
  • На запад до к.п.бр.396; к.п.бр.397; к.п.бр.401; к.п.бр.402; к.п.бр.378 и к.п.бр.377;
  • На север до к.п.бр.376.

Површината на опфатот е 2.95 ха.

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во просториите на одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

 

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник

Дипл.правник Арсенчо Алексовски