Урбанистичкото планирање, социјалата и локалниот економски развој-тема на четвртата форумска сесија

На четвртата сесија од буџетскиот форум во Крива Паланка, која ќе се одржи на 2 декември (вторник), во ресторан „Облаче“, со почеток во 13 часот, граѓаните ќе дискутираат за предлог-програмите за Урбанистичко планирање, Социјална заштита и за Локален економски равој за 2015 година.

Од страна на претставници на општината, одговорни за овие дејности, детално ќе бидат презентирани проектите  содржани во овие буџетски програми, а предвидени за реализација во текот на наредната година.По презентациите, учесниците на форумот ќе даваат предлози за приоритетни проекти во рамките на овие три буџетски програми, за кои тие сметаат дека треба да добијат предност при планираните расходи за 2015 година. Граѓаните можат да предлагаат проекти содржани во програмите, но и нови проектни активности кои ги сметаат за проблем и потреба на заедницата, по што ќе бараат појаснување од општинската администрација дали истите можат да бидат предвидени во општинскиот буџет.

Истовремено, на 4-та форумска сесија ќе бидат презентирани и прифатените и неприфатени предлози на граѓаните за програмите Уредување на градежно земјиште, Развој на културата и Изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа, кои беа предмет на дискусија на третата форумска сесија.

За сите заинтересирани граѓани, кои сакаат да присуствуваат на 4-та форумска сесија, општина Крива Паланка обезбедува организиран превоз до ресторан „Облаче“ и обратно.

Поаѓањето е во 12,45 часот од пред општинската зграда.

Дневен ред на четвртата форумска сесија

Големина на фонт
Контраст