Асфалтиран дел од улицата Моша Пијаде

Во рамки на програмата за тековно одржување на улици на територија на општина Крива Паланка беше извршено асфалтирање на дел од улицата  „Моша Пијаде“  (позади  објектот „Вавилон“). По претходно тампониорање на носивиот слој и извршена нивелација на шахтитите беа вградени вкупно околу 850 м2  асфалт.  Асфалтираниот дел од  улицата  е со просечна ширина од 4 метри и должина од околу 200 метри.

[embpicasa id=”6085936651286394817″]

Изведувач на градежните работи е  градежната фирма „Лабино-Трејд“  од Гостивар. 
Градежните работи  продолжуваат и во текот на наредните денови на други локации согласно предвидената динамика и временските услови.

Големина на фонт
Контраст