Граѓаните дискутираа за буџетските програми

Граѓаните на Крива Паланка, на третата форумска сесија од буџетскиот форум, која се одржа на 25 ноември 2014 година, дикутираа за расходите на општината и за три буџетски програми од вкупно шест, колку што беа избрани како приоритетни  од нивна страна.

[embpicasa id=”6085920591050681185″]

Раководителот на Одделението за финансиски прашања, Татјана Ѓоргиевска, ги запозна учесниците со расходите на општината во претходните години и во тековната 2014 година. Таа потенцираше дека расходите за оваа година се проектирани во износ од 417. 445 465 денари од кои 416. 845 465 се за утврдени намени, а останатите 600 000 денари за резерви. Пооделно беа претставени расходите по сметки и програми и тоа како реализираните расходи во 2012 и 2013 година, така и планираните расходи за 2014 година и нивната реализација до 30 јуни ова година.

На третата форумска сесија главно внимание беше посветено на Програмите за уредување на градежно земјиште, за култура и за изградба, реконструкција и одржување на локалната патна мрежа за 2015 година, при што од страна на граѓаните беа давани предлози за приоритетни проекти, кои заслужуваат посебно место за реализација во наредната година.

Истовремено, од страна на Работната група беше презентирана и листата со предлози на граѓаните за дополнителни извори на приходи со кои би се зголемил буџетот на општината.

Целта на буџетскиот форум е да се донесе буџет на транспарентен начин во консултација со граѓаните и според нивните приоритетни потреби.

На четвртата форумска сесија, која е закажана за 2 декември 2014 година, во ресторан „Облаче“, со почеток во 13 часот, учесниците ќе дискутираат и ќе даваат предлози за  проекти и активности од Програмите за урбанистичко планирање, социјална заштита и за локален економски развој.

Големина на фонт
Контраст