Општината спроведува акција за чистење на речните корита

Општина Крива Паланка согласно Акциониот план за 2013/2014 година за чистење на речните корита, во тек на месец ноември, спроведе акција за чистење на дел од речното корито на Станечка Река, на делница која започнува од крајот на асфалтниот пат во с. Станци до зафатот на водата за пиење , во должина од околу 1000 м. Акцијата продолжи со чистење на дел од речното корито на  Крива Река, од градскиот базен во близина на Мотел Македонија до место викано Самоков.

[embpicasa id=”6085556931671445921″]

Акцијата се спроведува од страна на ЈП Комуналец од Крива Паланка под надзор на стручни лица од Општината. Дел од нафтата за чистење на речните корита е доделена од Владата на Република Македонија преку Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање.

Големина на фонт
Контраст