Покана за трета форумска сесија на буџетскиот форум

Почитувани,

Ве покануваме да присуствувате на третата форумска сесија од буџетскиот форум, која ќе се одржи на 25 ноември (вторник), во ресторан „Облаче“, со почеток во 13 часот. Тема на дневниот ред на третата форумска сесија се расходите на општина Крива Паланка во изминатите години и во тековната 2014 година, како и расходите на три буџетски програми за 2015 година.

Имено, од 5-те селектирани програми од страна на граѓаните на втората форумска сесија, во наредните две сесии (трета и четврта) учесниците ќе дискутираат и ќе даваат предлози за програмите за урбанистичко планирање, за уредување на градежно земјиште, за развој на локалната патна мрежа, за култура и за социјална заштита.

На дневен ред на третата сесија се програмите за развој на локалната патна мрежа, за култура и за уредување на градежно земјиште.По презентацијата на расходите за овие програми за 2015 година, граѓаните ќе имаат можност да дискутираат за проектите содржани во нив, да даваат свои предлози и да ги одредуваат најприоритетните проекти.

Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите  на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2015 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.На граѓаните им се нуди можност да учествуваат во предлагањето на нови извори на приходи и да даваат насоки за приоритетните програми и проекти во согласност со нивните потреби и од значење за целата локална заедница.

За сите учесници, општина Крива Паланка обезбедува организиран превоз. Поаѓањето е во 12,45 часот од пред општинската зграда.

Ве покануваме да бидете дел од буџетскиот форум и да дадете свој придонес во изготвувањето на буџетот на општина Крива Паланка за 2015 година, како буџет изготвен во консултација со граѓаните.

Во прилог дневен ред на 3-та форумска сесија.

Дневен ред на 3-та форумска сесија


Големина на фонт
Контраст