Граѓаните ги избраа програмите за кои ќе дискутираат на буџетскиот форум

На втората форумска сесија, која се одржа на 19 ноември 2014 година, граѓаните ја продолжија работата околу изготвувањето на општинскиот буџет на Крива Паланка за 2015 година, во рамките на спроведувањето на буџетскиот форум, кој е дел од програмата „Форуми во заедницата“.

[embpicasa id=”6083689615828713889″]

Според утврдениот распоред на форумскиот процес, на оваа сесија учесниците беа информирани за планираните и реализирани приходи до 30.09.2014 година, како и за планираните приходи на општината за 2015 година од страна на раководителот на Одделението за финансиски прашања Татјана Ѓоргиевска.

Истовремено, беше презентирана и листата на приоритети за развој на општината за 2015 година, изготвена според предлозите на граѓаните, кои на општо задоволство можеа да заклучат дека најголем дел од нив можат да бидат прифатени и вклучени во буџетот на општината.

Учесниците, кои, според правилата на форумот, работеа по работни маси, предлагаа и нови и дополнителни извори за зголемување  на приходите на општината, како што се воведување такси за паркирање, туристичка такса, донации од иселеници и други извори, зголемување на процентот од ДДВ наменет за општините и слично.

На крајот на втората форумска сесија беа детално претставени 9 буџетски програми, а според гласањето на работните маси, учесниците одлучија на следните сесии да расправат и да дискутираат за 5 од нив и тоа:

Програма за урбанистичко планирање

Програма за уредување на градежно земјиште

Програма за изградба, реконструкција и одржување на локална патна мрежа

Програма за култура и

Програма за социјална заштита.

Големина на фонт
Контраст