Aсфалтирање на дел од улицата „Моша Пијаде“

Во текот на изминатите денови беше асфалтиран делот од улицата „Моша Пијаде“ со должина од околу 100 метри и ширина од 4 метри. Вкупно беа вградени околу 400 m2 нов асфалт на претходно тампонираниот носив слој. Истовремено беше извршено нивелирање на улицата заради одводнување на површинските води. Градежните активности продолжуваат и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.


Големина на фонт
Контраст