Покана за втората форумска сесија на буџетскиот форум

Почитувани,

Ве покануваме  да  учествувате на  втората Форумска сесија, на „ФОРУМОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА – БУЏЕТСКИ  ФОРУМ“  која ќе се одржи на 19 ноември (среда), во ресторан Облаче, со почеток во 13 часот. Oбезбеден e организиран превоз на учесниците до и од ресторан  „Облаче“,  во 12:45 минути  од  пред зградата на општината.

Oпштина Крива Паланка, во периодот од 01.11.2014г. до месец декември 2014г.,  го реализира проектот „Форуми во заедницата – БУЏЕТСКИ ФОРУМ“, со цел партиципативно и  транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2015 година заедно со граѓаните.

Почнувајќи од 1-ви  ноември заклучно со декември, ќе се одржат 5 форумски сесии. На кои ќе се подготви предлог буџетот за 2015 година и истиот ќе се достави на усвојување на  Советот на Општината во месец декември.

Целта на овој проект е  да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

Ресторанот  „ОБЛАЧЕ“  каде ќе се одржуват форумските сесии се наоѓа на влезот во Крива Паланка.

Задолжено лице за превозот на учесниците е членот од оперативната група Сашко Додевски, телефон  078 747 316, имеил: [email protected];

За сите дополнителни информации во врска со форумските  сесии лице за контакт е Координаторот  на проектот, Лидија Митовска,  076 337 445 , lmitovska@krivapalanka .gov.mk

Ќе ни претставува посебна чест и задоволство Вашето присуство и придонес во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка за 2015 година.

Бидете  поздравени!


(Дневен ред на втората форумска сесија)


ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник

Арсенчо Алексовски









Големина на фонт
Контраст