Дневен ред на 17-та седница на Советот на општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 17-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 14.11.2014 година петок) во 15 часот.

Дневен ред

1.Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К 1, К 2 и К 3 за II  и III квартал во 2014 година;
2. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2014 година;
3.Одлука за усвојување на  Буџетскиот календар за планирање на Буџетот на Општина Крива Паланка  за  2015 година;
4.Предлог –  Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2015 година;
5.Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалнлата патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2015 година;
6.Предлог – Одлука за усвојување на Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна мрежа во Општина Крива Паланка за 2015 година;
7.Предлог – Одлука за усвојување на Програма за одржување на јавна чистота во град Крива Паланка за 2015 година;
8.Предлог – Одлука  за  усвојување  на Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка за 2015 година
9.Предлог  – Одлука за  усвојување  на  П Л А Н на програми за развој на Општината Крива Паланка за периодот 2015 – 2017 година;
10.Предлог – Одлука за   усвојување на  Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управување со кризи за 2015 година
11.Прредлог – Одлука за усвојување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска доклументација за Општина Крива Паланка за 2015 година;
12.Предлог – Одлука за усвојување на Програма за превентивна дезинсекција и деретизација во Општина Крива Паланка за 2015 година;
13. Предлог – Програма за реализација на Елаборатот за режимот на сообраќај во поширокото централно подрачје на град Крива Паланка за 2015 година;
14.Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт-локална урбанистичка планлска документација за изградба на туристичко-угостителски комплекс на кп.бр. 379 во КО Б,с на локалитет до Езерце Општина Крива Паланка;
15.Предлог – Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на водотекот на Боголожин дол на локалитет во КО Конопница – Крива Паланка, опфатен со локална урбанистичка планска документација за изградба на лесна индустрија Г2 и објекти за спорт и рекреација Д3 на дел од кп.бр.6528 КО Конопница – Крива Паланка;
16.Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.3636 во КО Крива Паланка;
17.Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 138 во КО Варовиште – Крива Паланка;
18.Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко плалнска документација со која ќе изврши усогласување на намените за кп.бр.2237 во КО Конопница – Крива Паланка, сопственост на Стојан Алексов;
19.Предлог – Одлука за утврудвање за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.538 во КО Конопница – Крива Паланка, сопственост на Стојчо Марковски;
20.Предлог Одлука за усвојување на Програма за активност на Општина Крива Паланка во областа на спорт и млади за 2015 година;
21.Предлог – Одлука за усвојување на Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на образование за 2015 година;
22. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за активности на Општина  Крива Паланка во областа на културата за 2015 година;
23. Предлог – Одлука  за распределба на средства од блок дотација за 2015 година
24. Предлог – Одлука за усвојување на Програмата за развој на информатичко-комуникациска технологија на Општина Крива Паланка за 2015 година;
25. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на еднакви можности на мажите и жените за 2015 година;
26. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на Локалниот економски развој   за  2015 година;
27.Предлог – Одлука за измена на Статутот на Општина Крива Паланка;
28.Предлог – Одлука за основање на Совет на млади на Општина Крива Паланка.;
29. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за социјална заштита за 2015 год;
30. Предлог – Одлука за усвојување  на Програма за работа на Локалната установа „ГРАДСКИ МУЗЕЈ “ – Крива Паланка за 2015 година;
31. Предлог – Одлука за давање согласност за реализација на проект „Форум во заедницата – Буџетски форум“;
32.Советнички прашања.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
М.р. Борче Стојчевски,с.р.

Големина на фонт
Контраст