Припрема за асфалтирање на улицата „Моша Пијаде“

Општина Крива Паланка започна со припремни градежни активности  за асфалтирање на дел од улицата „Моша Пијаде“. Во текот на денешниот ден се започна со подготување на  земјаниот  слој,  отстранување на вишокот материјал,  нивелирање на тлото  како и вградување на тампонски слој.

Се очекува делот од улицата да биде  асфалтиран во текот на наредната недела согласно предвидената динамика и временските услови. Градежните работи  продолжуваат и во текот на викендот на различни локациии во градот.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.

Големина на фонт
Контраст