Поставени нови лежечки полицајци

Општина Крива Паланка  во текот на изминатите денови постави две нови вештачки препреки за принудно намалување на брзината  т.н „лежечки полицјаци“   на две локации на улицата „Св.Јоаким Осоговски“ и тоа пред основните училиште  „Јоаким Крчовски“ -централно училиште  и  Партизан.

Градбите се поставено согласно сообраќајниот елаборат за вертикална и хоризонтална сигнализација на територијата на Општина Крива Паланка и со нивната изградба се очекува  да се зголеми безбедност во сообраќајот  во градот.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“  од Гостивар.


Големина на фонт
Контраст