Градежни активности на улицата Никола Тесла

Општина Крива Паланка започна со градежни активности за асфалтирање на оштетените асфалтни површини на улицата Никола Тесла. Се очекува да бидат заменети и вградени околу 350 м2 нов асфалт. Улицата на влезниот дел е проширена за околу 1.5 метар со што е подобрено движењето на возила и лица. Градежните активности продолжуваат согласно предвидената динамика и временските услови.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.