Известување за граѓаните – акција „Македонија без отпад“

Градоначалникот на Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека трета година во континуитет продолжува да се спроведува Проектот „Македонија без отпад“ за кој и понатаму целосна подршка даваат Министерството за животна средина и повеќе невладини организации здружени во асоцијацијата „Ајде Македонија“.

Цел на проектот е преку ваквите акции да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во непосредна околина на живеалиштата на граѓаните, на места кои ги користат граѓаните за одмор и рекреација и во речните регулациони корита.

Пропратна цел на проектот исто така е да се подигне свеста кај граѓаните за правилно постапување и управување со отпадот, како и да се развијат механизми за подршка на граѓаните и други заседнати групи за подобро и полесно да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.

Акцијата „Македонија без отпад“ оваа година ќе се одржи на 18 октомври 2014 година (сабота) на територијта на целата држава.

Во нашата Општина акцијата за собирање на комунален отпад ќе се спроведе на петнаесетина локации  како што се: речните регулациони корита на Крива и Дурачка Река, околина на Манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски, локалитетите Ловачки, Мезовски ливади, Цонев рид, Лозаново, Башичево лозје, Бојанов дол над Житни, парковските површини, зад колективните станбени згради на ул. Херој Карпош, излетничките места Градец, Калин Камен, Шоферска чешма во Дурачка Река и дворовите и непосредната околина на основните и средното училиште во градот.

Во акцијата ќе учестуваат вработените од општинската администрација, вработените од ЈП Комуналец, еколошките секции на основните и средното училиште, ангажираните лица од страна на Општината, вработените во Дирекцијата за заштита и спасување, вработените во подрачните единици на одредени министерства во општината и сл.

Со спроведувањето на оваа акција и Република Македонија се вклучува во глобалната акција подржана од Европскиот парламент која се спроведува во над 107 земји во светот.

Согласно горе наведеното се повикуваат граѓаните на свој начин да се приклучат во акцијата со чистење на површините во нивната непосредна околина, а воедно и се замолуваат правилно да постапуваат со комуналниот отпад, односно истиот да го фрлаат исклучиво во садовите за отпад.


ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник

Арсенчо Алексовски

 

Дел од локациите каде ќе се спроведе акцијата

Локалитет Ловачки

Локалитет Цонев рид

Локалитет Мезовски ливади

Локалитет Башиќево лозје

Големина на фонт
Контраст