Асфалтирање на општинскиот двор

Општина Крива Паланка започна со градежни активности за асфалтирање на општинскиот двор кој е во склоп на општинската зграда. Во текот на вчерашниот ден беа  вградени околу 350 м2. Со градежните активности ќе се продолжи и во наредните денови на различни локации во градот согласно предвидената динамика и временските прилики.Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино –Трејд“ од Гостивар.