Оглас за избор на ко-модератор

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).

Општина Крива Паланка ќе спроведува буџетски форум со цел партиципативно и  транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2015 година заедно со граѓаните.

За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 6-8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Раководење и координирање со Оперативната група;
  • Организирање и ко-модерирање на форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
  • Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
  • Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
  • Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
  • Поддршка во координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
  • Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ и SDC;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование
  • познавање на англиски јазик
  • активно користење на компјутер (Word, Excel, Power Point)
  • познавање на процесот на децентрализација
  • искуство во работа со невладини организации
  • да е жител на општината
  • искуство во фасилитација, координација и известување
  • наклонетост кон тимска работа
  • одлични комуникациски и презентациски вештини

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (ЦВ) и писмо за мотивација, најдоцна до 16.10.2014, (четврток)  на следната адреса:

Општина  Крива Паланка

Ул.„Свети Јоаким Осоговски“ 175

1330 Крива Паланка

или на електронска пошта: [email protected]

Големина на фонт
Контраст