7-ми Традиционален кошаркарски турнир по повод 11 Октомври

Викендов 11 и 12 октомври кошаркарскиот клуб „Крива Планка“ го организираше Традиционалниот кошаркарски турнир по повод 11 Октомври – Ден на народното востание во Република Македонија. Седма година по ред КК „Крива Паланка“ го одбележува овој значаен датум во историјата на нашата татковина со турнир на кој учествуваат екипи од сите краеви на Македонија.

[embpicasa id=”6069623007219543649″]

На годинашниот турнир учествуваа екипите на ЖКК „Струга 2009“  од Струга, КК „Старс“ од  Охрид, КК  „Карпош Соколи“ од Скопје  и домаќинот КК „Крива Паланка“. Натпреварите се одиграа во спортската сала „Петар Поп Арсов“, а во организацијата и реализацијата на турнирот КК „Крива Паланка“ доби поддршка од Локалната самоуправа на општина Крива Паланка и градоначалникот Арсенчо Алексовски, како и од Јавното претпријатие  „Комуналец“.

Градоначалникот Алексовски го прогласи турнирот за отворен во саботата на 11 Октомври, а исто така присуствуваше и на завршната церемонија и им ги додели медалите и пехарите на најуспешните екипи, искажувајќи ја својата несебична поддршка на спортистите од градот, со напомена дека неговите заложби за поддршка и развој на спортот во Крива Паланка секогаш се насочени кон унапредување на сите спортови во општината, а истите продолжуваат и во иднина.

Традицијата на одржување на празничниот турнир кошаркаркиот клуб „Крива Паланка“ ја започна во 2008 година. Секоја година на настанот учествуваат екипи од разни делови на Македонија, а изминатите неколку години се запазува и мултиетничкиот карактер на настанот, бидејќи учествуваат екипи кои ја промовираат пораката за заедништво и дружење преку спортот како најблагородна активност што ги зближува и радува луѓето.

Градоначалникто Алексовски доби и благодарница од претседателот на КК Крива Паланка, Ведран Белешковски, за несебичната поддршка која му ја пружа на клубот во континуитет.

Големина на фонт
Контраст