Дневен ред на 16-та седница на Советот на општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 16-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 30.09.2014 година (вторник) во 15 часот.

Дневен ред:

1.Предлог – Решение за отповикување на Решение за верификација за мандат на  член на Советот на Општина Крива Паланка;
2.Предлог – Решение за разрешување член на Комисијата за еднакви можности на   жените и мажите
3.Предлог – Решение за разрешување член на Комисијата за финансии и буџет;
4.Предлог – Решение за верификација на мандат на чллен на Советот на Општина Крива Паланка;
5.Предлог – Решение за именување член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите;
6.Предлог – Решение за именување член на Комисијата за финансии и буџет;
7.Предлог – Решение за разрешување на член на надзорен одбор во ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
8.Предлог – Решение за именување член на надзорен одбор на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
9.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2013/2014  година;
10.Предлог – Одлука за усвопјување на Програма за работа на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2014/2015 година;
11.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“– Крива Паланка за 2013/2014  година;
12.Предлог – Одлука за усвопјување на Програма за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2014/2015 година;
13.Предлог – Мислење за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Јоаким Крчовскил“ – Крива Паланка за 2014-2015 година;
14.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Илинден“– Крива Паланка за 2013/2014  година;
15.Предлог – Одлука за усвопјување на Програма за работа на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2014/2015 година;
16.Предлог – Мислење за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2014-2015 година;
17.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУД „Боро Менков“– Крива Паланка за 2013/2014  година;
18.Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2014/2015 година;
19.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУЈДГ „Детелинка“– Крива Паланка за 2013/2014  година;
20.Предлог – Одлука за усвопјување на Програма за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2014/2015 година;
21.Предлог – Одлука за давање соглалсност за број на деца по групи;
22.Предлог – Одлука за основање на традиционална културно-забавна манифестација Музички фестивал „Џој Фест“ – Крива Паланка;
23.Предлог – Правилник за начинот и постапката за организација на културно-забавна манифестација Музички фестивал „Џој Фест“ – Крива Паланка;
24.Предлог – Одлука за усвојување на Листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Крива Паланка;
25.Предлог – на Елаборатот за утврдена проценка на штети на недвижен имот од природни непогоди;
26.Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за утврдена проценка на штети на недвижен имот од природни непогоди;
27.Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на потреба за изработување и донесување на општи акти за изградба во селата кои немаат урбанистичка документација во општина Крива Паланка за 2014 година;
28.Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт-Локална урбанистичка планска документација за локалитет Калин Камен, м.в. „Царев врв“, на дел од к.п.бр.1345 во КО Костур во Општина Крива Паланка;
29.Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичкопланска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п.бр.735/1 КО Варовиште, сопственост на РМ;
30.Предлог – Одлука утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на кп.бр.7491 КО Подржи коњ, сопственост на РМ;
31.Предлог – Одлука утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на кп.бр.1046 КО Конопница, сопственост на Здравка Стојчевска;
32.Предлог – Одлука утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на кп.бр. 2679 КО Мождивњак, сопственост на Миле Станисовски;
33.Предлог – Одлука утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на кп.бр. 618/2 КО Лозаново, сопственост на РМ;
34.Предлог – Одлука утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на кп.бр. 6816 КО Кркља, сопственост на Драги Крстевски и Јордан Стојановски;
35.Предлог – Одлука утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на кп.бр. 7609 КО Конопница, сопственост на Силвана Митовска;
36.Предлог – Одлука утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на кп.бр. 5379/2 КО Кркња, сопственост на РМ;
37.Предлог – Одлука за усвојување на Извштај за зимско одржување за 2013/2014 година;
38.Предлог – Одлука за усвојување на Програма за зимско одржување за 2014/2015 година;
39.Предлог – Одлука за давање под закуп на простории кои се наоѓаат во зградите на Крива Паланка
40.Предлог – Одлука за управување и одржување на недвижна ствар повеќенаменско игралиште во Крива Паланка;
41.Предлог – Одлука за давање на услуга на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка за чистење и уредување на речни корита; и
42.Предлог – Одлука за набавка на противпожарно возило за потребите на ТППЕ – Крива Паланка.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
М.р. Борче Стојчевски,с.р.