Известување за граѓаните

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека утре 12.09.2014 (петок) во 08:00 часот градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски, заедно со  доајенот на македонското глумиште г-ѓа Милица Стојанова, ќе гостува на првиот канал на Македонската телевизија во утринската емисија „Македонија наутро“. Гостувањето е по повод претстојниот шести Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ кој започнува во недела на 14.09.2014 година во 19.00 часот во НУ Центар за култура- Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст