Известување за граѓаните

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека на ден 19.08.2014 и 08.09.2014 државната граница ќе биде отворена кај граничен камен 12 во с.Огут, во време од 08.00 до 20.00 часот. За преминување на државната граница преку привремениот граничен премин потребно е физичкото лице да ги исполнува следните услови:

– Да е државјанин на РМ, односно РС,

– Во наведените денови да има основана причина за преминување на државната граница и претстој во пограничната зона, и

– Да поседува патен документ (лична карта или пасош) издаден согласно националното законодавство од надлежен државен орган на Република Македонија, односно Република Србија, со кој може да се утврди идентитетот на лицето.

Граѓаните непречено може да ја преминуваат државната граница пешки, со користење на патнички автомобил, мопед или велосипед.

Големина на фонт
Контраст