Известување за граѓаните – авионско прскање против комарци

Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека на ден 15 јули 2014 година (вторник) во раните утрински часови од 05.00 часот до 08.00 часот ќе се врши авионско прскање за заштита од комарци во општина Крива Паланка.

Се известуват пчеларите во времето на прскање и 3 – 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.


Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст