Резултати од Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско поклонение“

На 18.06.2014 во просториите на ЛУ Градски музеј Крива Паланка беа соопштени резултатите од Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско поклонение 2014“. Резултатите ги објавија градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски  и Стојанче Величковски, автор и огранизатор на  Меѓународниот конкурс за карикатура.

[embpicasa id=”6026522042351457025″]

За темата „Снаа-свекрва“ пристигнаа над 150 дела од 90 еминентни карикатуристи од триесетина земји од сите страни на светот меѓу кои од Аргентина, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Чешка, Црна Гора, Египет, Ерменија, Хрватска, Индија, Индонезија, Иран, Кина, Куба, Полска, Романија, Русија, Србија, Турција, Украина, Узбекистан и Македонија.

На 30 мај,  пристигнатите трудови беа разгледани од жири-комисијата со која преседаваше минатогодишниот гран-при победник Милан Алашевиќ од Словенија, придруживан од Стојанче Величковски како автор и координатор на конкусот, градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски како покровител на конкурсот, потоа Јовчо Савов познат карикатурист од Бугарија, Јодран  Поп Илиев и Никола Ангелковски од Македонија и  директорот на Градскиот музеј – Крива Паланка Драган Величковски, во својство на членови.

Годинашен победник и освојувач на трофејот „Невестулка“ е Ириен Трендафилов од Бугарија, втората награда ја освои Дамит Новак од Хрватска, третата Фарзане Вазири Табар од Иран. За првпат годинава е доделена плакета за најдобра колекција која му припадна на Олег Гутсол од Украина, додека специјални награди ќе добијат Горан Челичанин и Уралскиот клуб на карикатуристи „Брусница“ кој зеде колективно учество на конкурсот. Дваест автори кои што се пласираа во финалниот избор ќе добија признанија за особено успешни трудови.

Во чест на празнувањето на ослобудувањето на Крива Паланка, избор од постановка од 100 најдобри дела екслузивно ќе биде прикажана на изложбата предвидена за 8-ми октомври.

Делата од минатогодишниот Конкурс беа изложени во Свети Николе, наскоро  ќе имаат можност да ги видат штипјани и радовишани, а до крајот на годината изложбата ќе биде поставена и во уште неколку градови во земјата и странство.

Уникатниот пристап и оргиналноста на темата се гаранција дека овој Меѓународен конкурс како придружна манифестација на „Невестинско поклонение“ на Свети Теодор -Тирон во село Конопница и натаму ќе биде меѓународен афирматор на кутурните вредности на македонската народна традиција.

Големина на фонт
Контраст