Извстување за граѓаните – Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Ги известуваме сите заинтересирани жители на Североисточниот плански регион и општините вклучени во него (Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане) дека во рамките на проектот Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина за источниот и североисточниот регион“ (EuropeAid/130400/D/SER/MK), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за предпристапна помош (ИПА), подготвен е Нацрт Регионален План за управување со отпадот.

Со оглед на фактот што во согласност со член 65, поглавје X од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), за плански документи од овој тип задолжително е спроведување на постапка за Стратегиска оцена на животната средина (Одлука од меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад бр. 15-4451/2 од 24.04.2014), ги објавуваме следните документи:

Ø Кратка верзија од Нацрт-Регионалниот план за управување со отпад за Североисточен регион

Ø Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од реализација на Регионалниот план за управување со отпад за Североисточниот плански регион

При тоа Ве покануваме да ги доставите Вашите сугестии и мислења по објавените документи, во рок од 30 дена, од денот на објавувањето. Мислењата и сугестиите, кои ќе бидат аргументирани, ќе бидат земени во обзир при подготовката на финалните верзии на наведените документи.

Заинтересираните жители, ќе можат да ги разгледаат и печатените верзии од документите во канцеларијата на Регионалниот одбор за управување со отпадот во СИПР ( зграда на поранешен комитет) и општинските канцеларии.

Вашите мислењаи сугестии, доставувајте ги на следната mail адреса: info@northeastregion.gov.mk или по пат на пишана достава, до канцеларијата на Регионалниот одбор за управување со отпадот и општинските инспектори/овластени лица за животна средина.

Дополнително ќе биде објавена информација за местото и часот на одржување јавна расправа за Извештајот за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од спроведување на Регионалниот План за управување со отпадот.

 

Со почит

Претседател на Регионалниот одбор за управување со отпадот,

Зоран Дамјановски

Големина на фонт
Контраст