Соопштение по повод Денот на Европа – 9 Мај

СООПШТЕНИЕ
Хепенинг по повод Денот на Европа 9 Мај
09.05.2014 Крива Паланка

Со голем број активности и пригодни манифестации општина Крива Паланка во соработка со Делегацијата на ЕУ во Р.Македонија и оваа година ќе се приклучи во одбележувањето на 9 Мај- Денот на Европа.

Хепенингот/ Централната манифестација по повод Денот на Европа ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток во 12 часот. 
Хепенингот ќе се одвива во три дела и тоа изложба на материјали на пет пулта  со многубројни интерактивни работилници, ликовен хепенинг, организирана музичка програма и спектакл „ЕВРОПА БЕЗ ГРАНИЦИ“

Во манифестацијата ќе земат учество претставници од двете основни училишта во општината, „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“,  детската градинка „Детелинка“, училиштето за средно образование „Ѓорче Петров“, домот за ученици „Боро Менков“, Клубот на волонтери при ОО на Црвен Крст  и  Ликовниот клуб при  „Центарот за култура“ во Крива Паланка.
Во вечерните часови во организација на СОУ „Ѓорче Петров“  со почеток во 19 часот во Центарот за култура ќе се одржи  спектакл под мотото „ЕВРОПА БЕЗ ГРАНИЦИ“. 
Бројот на дирекни учесници во културно забавната програма, презентативните и ликовни активности  е  околу 200 учесници. 

На овој настан со посебни презентации на пултови  ќе бидат претставени  4 држави покрај останатите членки на ЕУ и тоа  Шпанија, Литванија, Австрија  и  Кипар.

Всушност Европа на 9-ти мај празнува два значајни настана и тоа Шумановата Декларација  од 1950 година и Денот на победата над фашизмот од 1945 година.
Денот на Европа или Денот на победа против фашизмот, 9-ти мај е ден кога се одбележува европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент.

Хепенинзи во ист временски период се одржуваат и во 11 други центри/ општини  во државата. Горди сме што Општина Крива Паланка  како источна порта на Р. Македонија кон ЕУ  е еден од  12-те центри кои го одбележуваат европскиот идентитет и заложбата  за заедништво на сите народи на стариот континент.

Целиот настан ќе се одвива во забавна атмосфера  со сликање, песни, музика, рецитали и интерактивно учество на граѓаните на општина Крива Паланка. 

Затоа ја користам приликата да ги поканам граѓаните на општина Крива Паланка да ни се придружат  на 9-ти Мај во 12 часот на градскиот плоштад, да се збавуваме со богатата културно уметничка програма и другите  презентативни и ликовни активности  кои истовремено ќе  се случуваат  на плоштадот, но може и лично, дирекно доколку  сакаме да бидеме и дел од интерактвните работилници.
Во 19 часот во Центарот на кулура да го проследиме СПЕКТАКЛОТ „ЕВРОПА БЕЗ ГРАНИЦИ“ во кој ќе настапат учениците од  СОУ  „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.
Одбележување на Денот на Европа за нас како општина е предизвик и одговорност за афирмација на најдобрите европски вредности.

Агенда


Општина Крива Паланка
Градоначалник
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст