Известување за одржување на јавна консултација за проектната програма за проектот „Изградба на државен пат А2, делница Ранковци – Крива Паланка на ниво на експресен пат”

Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за Изградба на државен пат A2, делница Ранковци – Крива Паланка на ниво на експресен пат”, во должина од околу 25 км.

Финансирањето на овој проект се планира да се обезбеди со средства од Светска Банка, според чии барања, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, уште во раната фаза на подготовка на документацијата односно, Проектната програма ќе се одржат јавни консултации со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата. Проектната програма е достапна на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општините: Крива Паланка и Ранковци, како и на нивните интернет страници:www.krivapalanka.gov.mk , www.rankovce.gov.mk и www.roads.org.mk .

Јавната консултација за Проектната програма за наведениот проект, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти,ќе се одржи во:

Општина Крива Паланка на 14.05.2014 година (среда) со почеток во 12:00 часот во Големата сала на општината.

Проектна програма 1, Проектна програма 2, Проектна програма 3

 

Лица за контакт:

Јавно претпријатие за државни патишта

Сашка Богданова Ајцева

Тел: 02/3118 044 лок.135, Email: saska@roads.org.mk

Општина Крива Паланка
Добривој Николовски
dobrivoj.nikolovski@krivapalanka.gov.mk
тел: 031 376 480

Големина на фонт
Контраст