Дневен ред на 12-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   12-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 11.01.2010 година (понеделник) во 14 часот.

Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

 1. Предлог –  Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за управување со отпад;
2. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2010 година;
3. Предлог – Одлука за измена на имиња на улици во Општина Крива Паланка; и
4. Предлог – Одлука за усвојување на Локален акциски план за родова рамноправност на Општина Крива Паланка за период 2010-2012 година.