Дневен ред на 11-та седница на Совет на општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоурпава („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 11-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 27.02.2014 година (четврток ) во  15 часот.

Дневен  ред:

1.. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К 1, К 2 и К 3 за IV квартал во 2013 година;
2. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2014 година;
3. Предлог – Одлука  за усвојување Извештај за работа во  образование, спорт и култура – Крива Паланка  за 2013 година;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за информатички развој и компјутерска технологија – Крива Паланка за 2013 година;
5. Предлог – Одлука за давање под закуп на недвижен имот  – училиште во село Трново ;
6. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за работа на ЛУ Градски Музеј  – Крива Паланка за  2013 година;
7. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка за 2013 година;
8. Предлог – Одлука за усвојување на  Извештај  за реализирани активности по Програмата за локалелн економски развој – Крива Паланка за 2013 година;
9. Предлог  – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година;
10. Предлог – Одлука за усвојување на  Извештај по Програмата за изградба, реконструкција, одржување  и заштита на локалната патна мрежа за 2013 година;
11. Предлог – Одлука за усвојување на  Извештај по Програмата за изградба и одржување на водоводна мрежа  за 2013 годин;
12. Предлог – Одлука за усвојување на  Извештај по Програмата за јавна чистота за 2013 година;
13. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување за 2013 година;
14. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за изготвување на урбанистички планови и локална-урбанистичка планска документација за 2013 година;
15. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за реализација на Елаборатот за режимот на сообраќај во поширокото централно подрачје на град Крива Паланка за 2013 година;
16. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за еднакви можности на жените и мажите за 2013 година – Крива Паланка;  
17. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за утврдување на ценовник за користење на спортскска сала „Петар Поп Арсов“ во Општина Крива Паланка  бр.07-1544/19 од 03.06.2013 година;
18. Предлог – Одлука за  давање на одржување на недвижна ствар единечно тениско игралиште;
19. Предлог – Одлука за утврдување на ценовник за користење на спортски објект единечно теничко игралиште (1 тениски терен) во Крива Паланка;
20. Предлог – Одлука     за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.767/1 Ул.„Св.Јоаким Осоговски“ – KO Крива Паланка , сопственост на РМ и к.п.763 сопственост на Митровски Митко;
21. Предлог – Одлука     за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. 2654 во КО Конопница, сопственост на Алексовска Зорица, Поцевски Трајко и Станоевски Димитар;
22. Предлог – Одлука     за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со  која ќе се изврши усогласување на намените за КО Огут на к.п.3721, сопственост на Стаменковски Светислав, Димитриевски Милан и Стаменковски Борче;
23. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со  која ќе се изврши усогласување на намените за КО Жидилово за к.п. 5095/1, сопственост на Ристовски Стојко и к.п.5100/1 , сопственост на Ристовски Стојко и  Ристовска Марица ;
24.  Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со  која ќе се изврши усогласување на намените за КО Кркља за к.п.5361/1 и 5336, сопственост на РМ;
25. Предлог – Одлука  за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со  која ќе се изврши усогласување на намените за КО Крива Паланка ул.„Ристена Гоговска“ за к.п. 602, сопственост на РМ и к.п.608 сопственост на Груевски Драги;
26. Советнички прашања.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
М.р. Борче Стојчевски,с.р.