Дневен ред на 10-та седница на Совет на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоурпава („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 10-тата седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 23.01.2014 година (четврток ) во 15 часот.
Д н е в е н   р е д:

1. Предлог – Информација за преземени мерки  и активности  на ПО од ОН Крива Паланка  во текот на 2013  година
2. Предлог – Одлука  за усвојување   на Годишен  извештај за 2013 година  за слободен  пристап  до информации од јавен  карактер;
3. Предлог – Решение  за избор на членови на надзорен одбор во ОЈУДГ „Детелинка“ – Крива Паланка;
5. Предлог – Одлука усвојување на  Програмата  за работа  на ЈУ  Меѓуопштински центар за социјална работа  Крива Паланка за 2014 година;
6. Предлог – Одлука за проценка на пазарна вредност на недвижен имот по зони на градежно неизградено и земјоделско земјиште во Општина Крива Паланка за 2014 година;
7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.6998/2 KO Трново сопственост на Ѓоргиевски Лазо и к.п.6953 сопственост на РМ;
8. Предлог – Одлука за усогласување утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.7000/2 сопственост на Лазо Ѓоргиевски и к.п.5410 сопственост на РМ во КО Трново;
9. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со  која ќе се изврши усогласување на намените за електронска  комуникациска мрежа;
10  Предлог – Одлука за измени и дополнувње на Програмата  за уредување на  градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2014 година;
11.  Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проекти;
12. Предлог – Одлука  за давање на приоритет на проект  с.Конопница маала Спас.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
М.р. Борче Стојчевски,с.р.     

Големина на фонт
Контраст