Дневен ред на 9-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   9-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 04.12.2009 година (петок) во 14 часот.

Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

– Усвојување на записници од 7-ма и 8-ма седница на Советот.

1.Предлог – Одлука за усвојување на Стратешки план за локален развој на Општина Крива Паланка за период 2009-2014 година;
2. Предлог – План на програми за развој на Општина Крива Паланка за периодот 2010-2012 година;
3. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2010 година;
4. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна мрежа во Општина Крива Паланка за 2010 година;
5. Предлог – Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Крива Паланка за 2010 година;
6. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка за 2010 година;
7. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2010 година;
8. Предлог – Програма за одржување на јавна чистота во град Крива Паланка за 2010 година;
9. Предлог – План на програми за развој на Општина Крива Паланка за период 2010-2012 година;
10. Предлог – Одлука за давање на согласност за подготовка, аплицирање и имплементација  на проект „Под едно небо “;
11. Предлог – Одлука за давање на согласност за подготовка, аплицирање и имплементација  на проект „Туризам без граници“;
12. Предлог – Одлука за давање на согласност за подготовка, аплицирање и имплементација на проект „Културно наследство – мост кон заедничка иднина“;
13. Предлог – Одлука за потврдување на статусот и својството член на ЗЕЛС на Општина Крива Паланка;
14. Предлог – Одлука за формирање на заедничка Комисија за подготовка на предлозите на актите со кои ќе се основа заедночко (регионално) Јавно претпријатие за управување со отпад, во Североисточниот плански регион (општините Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане);
15. Предлог – Одлука за формирање на Заедничко (регионално) Јавно претпријатие за управување со отпад, на Североисточниот плански регион (општините Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане);
16. Предлог – Одлулка за измена и дополнување – проширување на средствата во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2009 година;
17. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2009 година;
18. Прелог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на Општинската администрација на Општина Крива Паланка;
19. Советнички прашања.