Соопштение за граѓаните – наплата на данок

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Согласно со законот за данок на имот, Одделението за финансиски прашања при Општина Крива Паланка овие денови интензивно работи на наплатата на даночните долгови до 2013 година. Даночните обврзници се замолуват да си го подмират даночниот долг, во спротивно ќе се  соочат со присилна наплата на истиот.

Превзаемени се активности околу  присилна наплата на данокот на имот и комуналната такса. Во тек е доставување на 1300 опомени за ненаплатен данок на имот кои што веќе се доставуваат до даночните обврзници и 220 опомени за ненаплатена комунална такса за истакната фирма на физички и правни лица.

Доколку ја примите опомената за доспеаниот даночен долг, Ве молиме во рок од 8 дена од приемот, да го подмирите за да ги избегнете трошоците за  камата и трошоците за присилната наплата.

Општина Крива Паланка