Соопштение за јавна презентација и јавна анкета за ЛУПД за изградба на МХЕЦ „Станечка Река 1“

Врз основа на член 50-а став 6 и член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12 и 55/13), градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт-локална урбанистичка планска документација за изградба на МХЕЦ „Станечка Река 1“ на к.п.бр.587 во К.О. Станци, Општина Крива Паланка

Јавната анкета по Нацрт-локалната урбанистичка планска документација за изградба на МХЕЦ „ Станечка Река 1“ на к.п.бр.587 во К.О. Станци, Општина Крива Паланка, ќе се одржи од 02.12.2013 година до 10.12.2013 година секој работен ден од 08,оо-16,оо часот во просториите на архивата на општината Крива Паланка.
Нацрт-локалната урбанистичка планска документација ќе биде изложена и во просториите на Центарот за култура во Крива Паланка.
Јавната презентација по Нацрт-локалната урбанистичка планска документација за изградба на МХЕЦ  „Станечка Река 1“ на к.п.бр.587 во К.О. Станци, Општина Крива Паланка, ќе се одржи на 05.12.2013 година во 12,оо часот во големата сала на општината Крива Паланка.
Просторот за кој се однесува горенаведената локална урбанистичка планска документација ги опфаќа следните граници:
•    Од североисток граничи со пристапен пат;
•    Од северозапад граничи со к.п.бр.587;
•    Од југозапад граничи со к.п.бр.588;
•    Од југоисток граничи со к.п.бр.588.
Површината на опфатот е 508,оо м2.
Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во просториите на одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Дипл.правник Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст