СООПШТЕНИЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ

За ден 21.11.2009 година (сабота) во 14 часот во просториите на манастирот Св.Јоаким Осоговски  е закажан состанок на Градоначалникот на Општина Крива Паланка и дел од раководителите од Oпштината  со населението од с.Варовиште и с.Кркља (маала Бобевци).

На состанокот ќе се разговара за решавање на проблемот  со водоснабдувањето на корисниците на водоводниот систем и од страна на надлежните органи ќе бидат предложени потребни мерки и активности за доведување на водоводот во исправна состојба и надминување на проблемот со водоснабдувањето за населението од тој дел на Oпштина Крива Паланка.