Известување до граѓаните – проект „Учиме од бизнис заедницата“

Со цел да се излезе во пресрет на барањата на компаниите, Владата на Р. Македонија го започнува четвртиот циклус на посети на компании преку проектот  „Учиме од бизнис заедницата“.
Во изминатиот период со континуирано спроведување на проектот „Учиме од бизнис заедницата“ последователно во три циклуси овозможи до сега повеќе од 400 компании да ги изнесат своите барања и иницијативи, односно преку директна комуникација непосредно да се осознаат нови предлози и предизвици со кои се соочува приватниот сектор, бизнис заедницата, компаниите и здруженијата на компании при своето работење.

Со ова известување ги известуваме сите компании кои сакаат да бидат посетени од страна на Владини тимови, да ги искажат проблемите со кои се соочуваат или имаат иницијатива која сакаат да ја предложат, да го искажат својот интерес преку пополнување на образецот.
Образецот за пријавување во електронска верзија може да се најде на веб-страната www.vicepremier-ekonomija.gov.mk како и на официјалната страна на Владата на Република Македонија www.vlada.mk
Пополнетиот Образец треба да се достави електронски на следната е-маил адреса [email protected], по факс на:  02 3221506  или по пошта бул. „Илинден“ бр.2 Скопје најдоцна до 15.12.2013 година.

Со почит

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст