Дневен ред на 7-та седница на Совет на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоурпава („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 7-тата седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 07.11.2013 година (четврток) во  15 часот.
Дневен ред:

– Усвојување на Записници од 2-та, 3-та, 4-та, 5-та и 6-тата седница на Советот.

1. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2013 година;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за реализација на Елаборатот за режимот на сообраќај во поширокото централно подрачје на град Крива Паланка за 2014 година;
3. Предлог – Одлука за  давање мислење за начинот на изведување на ученички екскурзии и други слободни активности за учениците од основното училиште „Илинден“ – Крива Паланка;
4. Предлог – Одлука  за распределба на средства од блок дотација за 2014 година;
5.Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Локална урбанистичка планска документација за изградба на МХЕЦ „Станечка Река 1“ на к.п.бр.587 во КО Станци, Општина Крива Паланка;
6. Предлог  – Одлука за утврдување на Нацрт – Локална урбанистичка планска документација за изградба на МХЕЦ „Станечка Река 2“ на к.п.бр.2586 на КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка ;
7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка планска документација за к.п.бр.386/2 во КО Добровница –Општина Крива Паланка;
8. Предлог – Одлука     за утврдување за донесување на урбанистичка планска документација со која  ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.4312;
9. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п.бр. 347 и к.п.бр.348 и дел од к.п.бр.4623/1;
10. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п.бр.1444 и 1452, сопственост на РМ;
11. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п.бр.1172/1; 1172/2 и 1172/9 сопственост на Александар Стојковски;
12. Прредлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска доклументација за Општина Крива Паланка за 2013 година;
13. Предлог Одлука за усвојување на Програма за активност на Општина Крива Паланка во областа на спорт и млади за 2014 година;
14. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за акативности на Општина Крива Паланка во областа на образование за 2014 година;
15. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на културата за 2014 година;
16. Предлог – Одлука за усвојување на Програмата за развој на информатичко-комуникациска технологија на Општина Крива Паланка за 2014 година; и
17. Предлог – Одлука  за изменување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2013 година.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
М.р. Борче Стојчевски,с.р.

Големина на фонт
Контраст