Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација

Врз основа на член 24 став 10 и член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11, 53/11; 144/12 и 55/13), градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на повторна јавна анкета и јавна презентација за Нацрт-Детален урбанистички план за дел 1 од урбан блок 11 во
Крива Паланка, Општина Крива Паланка

Повторната јавна анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 26.08.2013 година до 10.09.2013 година секој работен ден од 08,оо-16,оо часот во просториите на општината Крива Паланка.
Нацрт-Деталниот урбанистички план за дел 1 од урбан блок 11 во Крива Паланка, Општина Крива Паланка ќе биде изложен и во просториите на Центарот за култура во Крива Паланка.
Повторната јавна презентација по Нацрт-Деталниот урбанистички план за дел 1 од урбан блок 11 во Крива Паланка, Општина Крива Паланка ќе се одржи на 04.09.2013 година во 12,оо часот во големата сала на општината Крива Паланка.
Просторот за кој се однесува горенаведениот план ги опфаќа следните граници:
•   На запад-граница со к.п.бр.3774;„ к.п.бр.3773; к.п.бр.3770; к.п.бр.3769; к.п.бр.3768 и к.п.бр.3767;
•   Од север-осовина на регулација на Крива Река;
•   Од исток-осовина на регулација на „Скрљавски дол“ и
•   Од југ-осовина на ул.„Св. Јоаким Осоговски“.
Површината на опфатот е 12,65 ха.
Анкетните листови за учество во повторната јавна анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Дипл.правник Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст