Известување до граѓаните -промена на сообраќајниот режим во централното градско подрачје

Почитувани,

Ве информираме дека на 23-ти август 2013 година (петок), на градскиот плоштад во Крива Паланка ќе се одржи голема културна манифестација рок фестивал „ЏОИ ФЕСТ“ со почеток во 18 часот. Улицата Св. Јоаким Осоговски во централното градско подрачје од Соларски мост до мостот на Нумулија ќе биде затворена за сообраќај од 18 часот на 22.08.2013 (четврток) до 6.00 часот наутро на 24.08.2013 ( сабота).

За подготовка и непречено одвивање на активностите на манифестацијата, сообраќајот во периодот од 18 часот на 22.08.2013 (четврток) до 6 часот наутро на 24.08.2013 (сабота) во централното градско подрачје ќе биде пренасочен по новиот крак на ул. Свети Јоаким Осоговски кој ќе функционира двонасочно во погоре наведениот временски период.  Ги информираме граѓаните дека во периодот од 18 часот на 22.08.2013 (четврток) до 24. 08. 2013 (сабота) до 6 часот наутро, поради воведување на двонасочен сообраќај на новиот крак на ул. Свети Јоаким Осоговски, ќе биде забрането паркирање на автомобили.

Големина на фонт
Контраст