Дневен ред на 5-та седница на Совет на општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоурпава („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 5-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 20.08.2013 година (вторник) во 15 часот.         
Д н е в е н   р е д:

1. Отчет на Градоначалникот на Општина Крива Паланка за првите 100 дена за  2013 година;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К 1, К 2  и К 3 за II квартал во 2013 година;
3. Предлог –  Одлука  за доделување на стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка за 2013 година;
5. Предлог  – Одлука за усвојување на финансиски извештај за работењето на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка од 01.01.2013 до 31.03.2013 година;
6. Предлог – Одлукa за усвојување на Програмата за работра на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка за 2013 година;
7. Предлог – Одлука за усвојување на Одлуката за висината на трошоците на корисникот на услуга и повторно приклучување на водоводната мрежа;
8. Предлог – Одлука за усвојување на Локален акционен план за контрола на туберкулозата 2013 – 2017 година;
9. Прредлог – Одлука за доделување финансиска подршка за имплементација на Проектот „Грижа  за стари лица во домашни услови“;
10. Предлог –  Одлука за усвојување на Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Североисточен плански регион (2009 – 2014) за 2012;
11. Предлог – Одлука за усвојување на Финансиски извештај за 2012 година на Центарот за развој на СИПР;
12. Предлог –  Одлука за усвојување на Одлуката за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни мести, работи и работните задачи на вработени во ОЈУДГ „Детелинка“ – Крива Паланка;
13. Предлог – Одлука за усвојување на Одлуката за отварање на нова група на деца од предучилишна возраст во рурална средина – Општина Ранковце;
14.Предлог – Одлука  за утврдување за донесување на урбанистичк-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п. 1417/1;
15. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-плланска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п. 1646 и 1647;
16. Предлог –  Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-плланска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п. 3742;
17. Предлог –  Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-плланска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п. 1754;
18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-плланска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п. 4391; и
19. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година;

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
М.р. Борче Стојчевски,с.р.     

Големина на фонт
Контраст