Соопштение за граѓаните – КРАИШТЕ 2013

Почитувани граѓани,

Во местото Голеш, село Голема Црцорија, на границата со Р. Србија на 12.07.2013 (петок) на големиот христијански празник Петровден во организација на општините Крива Паланка, Босилиград и Ќустендил, ќе се одржи трилатералната традиционална меѓународна средба „КРАИШТЕ 2013“.

Како дел од меѓународната средба „КРАИШТЕ 2013“, а во знак на развиената културна соработка помеѓу Општините од Македонија, Бугарија и Србија, присутните ќе имаат задоволство да ја проследат богатата културно – уметничка програма на културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од трите општини, кои ќе ја презентираат богатата традиција и култура на добрососедските земји низ сплетот на народните песни и ора.

Границата ќе биде отворена од 8 до 20 часот.

Граѓаните државната граница може да ја преминуваат со важечки лични карти или патни исправи.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Арсенчо Алексовски