Доделени средства за изградба на два патни правци во општина Крива Паланка

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

На Јавниот повик за прибирање на предлог проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за развој на селата за 2013 година објавен од страна на Министерство за локална самоуправа и Биро за регионален развој, Општина Крива Паланка алицираше со следниве проекти: „Реконструкција на локален пат во с.Конопница во должина од 1км, општина Крива Паланка “ и „Асфалтирање на локален пат с.Градец локација Училиште –Испосница на Св.Јоаким Осоговски во должина од 350 м, општина Крива Паланка“.

Врз основа на Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби во 2013 година, Министерството за локална самоуправа –Биро за регионален развој и Општина Крива Паланка  на ден 01.07 2013 година склучија Договор за реализација на проектот „Реконструкција на локален пат во с.Конопница во должина од 1км,општина Крива Паланка“. Вкупна вредност на проектот изнесува 2.227.863,00 денари. Финансиски средства кои се доделуваат од страна на Министерството за локална самоуправа –Биро за регионален развој за реализација на проектот изнесуваат  866.000,00 денари.

Исто така  врз основа на Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2013 година, Министерството за локална самоуправа –Биро за регионален развој и Општина Крива Паланка  на ден 01.07 2013 година склучија Договор за реализација на проектот „Асфалтирање на локален пат с.Градец локација Училиште –Испосница на Св.Јоаким Осоговски во должина од 350м, општина Крива Паланка“.

Вкупна вредност на проектот изнесува 1.006.950,00 денари. Финансиски средства кои се доделуваат од страна на Министерството за локална самоуправа –Биро за регионален развој за реализација на проектот изнесуваат  213.375,00 денари

Големина на фонт
Контраст