Дневен ред на 4-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоурпава („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 4-рата седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 27.06.2013 година (четврток) во  15 часот.         
Д н е в е н   р е д:

1. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на еднаквите можности за  2013 година;
2. Предлог –  Одлука за усвојување на Локален акционен план за родова рамноправност на Општина Крива Паланка;
3. Предлог – Одлука за давање приоритет на проект ,,
Изградба на фекална канализација со пречистителна станица во с.Мождивњак во должина од 5661,72 метри“
4. Предлог – Одлука за давање согласност за намена на инвестицијата „
Изградба на фекална канализација со пречистителна станица во с.Мождивњак во должина од 5661,72 метри“.;
5. Предлог – Одлука за давање приоритет на проект „Изградба на плоштад со партерно уредување во Крива Паланка;
6. Прредлог – Одлука за давање согласнсот за намена на инвестицијата  „Изградба на плоштад со партерно уредување  во Крива Паланка“ ;
7. Предлог –  Одлука за комунален ред и нејзино спроведување на подрачјето на Општина Крива Паланка;
8. Предлог – Решение за именување на членови на Општински совет за безбедност на сообраќај на патиштата во Општина Крива Паланка;
9. Предлог –  Одлука за  формирање на Совет за јавно здравје;
10. Предлог – Решение за именување членови на Совет за јавно здравје на Општина Крива Паланка
11. Предлог – Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка со Општина Старо Нагоричино;
12.Предлог – Одлука  за формирање на заедничка комисија за подготовка на паредлог на актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Крива Паланка  и Општина Старо Нагоричино;
13. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлука за распишување на јавен повик за поставување на саат на новата административна  зграда  на Општина Крива Паланка;
14. Предлог –  Одлука за одобрување на локална урбанистичка планска документација за изградба на МХЕЦ „Калин Камен 1“ на к.п.бр.671 во КО Варовиште, Општина Крива Паланка;
15. Предлог –  Одлука за одобрување на локална урбанистичка планска документација за изградба на МХЕЦ „Калин Камен 2“ на к.п.бр.309 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
М.р. Борче Стојчевски,с.р.

Големина на фонт
Контраст