Соопштение за граѓаните

Почитувани граѓани,

На ден 15.06.2013г.  од 19.00 ч. на централниот плоштад во Крива Паланка ќе се одржи фестивалот од отворен тип ,,БАСKЕРФЕСТ 2013“.
Овој фестивал се здоби со голема репутација кај населението низ целата земја со помош на вештините на најдобрите улични артисти и музачари од светот, а истовремено и од Македонија. Фестивалот ќе понуди инвентивна,енергична и долготрајна забава, каде гледачите ќе бидат исто толку активни како и артистите.
По тој повод општина Крива Паланка ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица кои сакаат да користат дел од јавната површина на плоштадот која ќе им служи за продажба, презентација и угостителство, да се обратат кај одговорното лице за надомест за коритење на јавна површина.

Одговорно лице:                                                          
Небојша Трајковски                                                                    
(одделение за финансирање, буџет и администрирање со даноци и имот)

Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст