Дневен ред на 3-та седница на Совет на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоурпава („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 3-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 03.06.2013 година (понеделник) во 15 часот.        
Дневен ред:

1. Предлог –  Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2013 година– проширување на средствата;
2. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката на комунални такси на Општина Крива Паланка;
3. Предлог –Одлука за  утврдување на  Нацрт-планот за ДУП за дел 1 од урбан блок 11 во Крива Паланка;
4. Предлог – Одлука за  донесување  на измени и дополнувања  на Детален урбанистички план за дел од урбан блок 11 во Крива Паланка
5. Предлог –  Одлука за утврдување на Нацрт-план за ДУП-измени и доплнувања за градежна парцела која  се преклопува со к.п.бр.805  во К.О Крива Паланка
6. Предлог –Одлука за  формирање на партиципативното тело од областа на  просторното и урбанистичко  планирање  на Општина Крива Паланка
7. Предлог –  Одлука за  определување  на ширина на крајбрежен  појас на водотеците  во градот Крива Паланка  опфатени со урбанистички планови
8. Предлог – Решение за именување членови во Управниот одбор во Градски музеј – Крива Паланка
9. Предлог – Одлука за измени и дополнување на Одлуката  за организација на општинската администрација на Општина Крива Паланка
10.  Предлог – Одлука  за усвојување на Ценовник за користење  на спортски објект  Спортска сала  „ПЕТАР ПОП АРСОВ“ во Општина Крива Паланка 
11. Предлог – Одлука за превземање на водоводот во село Конопница за маалите  Река –Делаводци –Стамболици и Добрава  на ЈП Комуналец
12. Предлог – Одлука за примање на донација;
13. Предлог – Одлука за предавање на користење на недвижна ствар барака  во м.в.  Калин Камен – Крива Паланка
14. Предлог – Одлука за распишување на јавен повик за поставување на саат на новата административна  зграда  на Општина Крива Паланка
15.Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на комунални услуги на ЈП Комуналец
16. Предлог – Одлука за давање сосгласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за одржување на гробишта (гробарина) на ЈП „Комуналец“
17. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на совет

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
М.р. Борче Стојчевски,с.р.


Големина на фонт
Контраст