Дневен ред на 2-та седница на Советот на општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоурпава („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 2-рата седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 08.05.2013 година (среда) во 15 часот.             
Дневен ред:

1. Предлог – Решение за формирање комисија за финансии и локален економски развој;
2. Предлог – Решение за формирање комисија за урбанистичко планирање, уредување на просторот, заштита на животната средина и природата;
3. Предлог – Решение за формирање комисија за комунални работи и сообраќај;
4. Предлог – Решение за формирање комисија за јавни дејности;
5. Предлог – Решение за формирање комисија за статут и прописи;
6. Предлог – Решение за формирање комисија за еднакви можности на жените и мажите;
7. Предлог – Решение за формирање комисија за меѓуопштинска и меѓународна соработка;
8.  Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на
Буџетот на Општина Крива Паланка К 1, К 2  и К 3 за I квартал во 2013 година;
9. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат од Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од природни непогоди во Општина Крива Паланка;
10. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за општина Крива Паланка за 2013 година;
11. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на ул.„Партизанаска“ на к.п. 377/2 – Крива Паланка;
12. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на ул.„Браќа Миладинови“ на к.п.6654 – Крива Паланка;
13. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на ул.„Домачки дол“ на к.п.97/2 – Крива Паланка;
14. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на ул.„8-ми Септември“ на к.п.385/2 – Крива Паланка;
15. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на ул.„Вардарска“ на к.п.6950 и  6954– Крива Паланка;
16. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на ул.„Македонска“ на к.п.927 – Крива Паланка;
17. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на ул.„Климент Охридски“ на к.п.4649/1 – Крива Паланка;
18. Предлог – Одлука за измена на одлуката за утврдување на потреба од изработка на локалнла урбанистичко-планска документација за градежна парцела составена од дел од к.п.5382 на КО Кркља – Крива Паланка;
19. Предлог – Одлука за донесување на измени и дополнувања на Детален урбанистички план за дел од урбан блок 11 во Крива Паланка;
20. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за спроведување на мерки на превентивна дезинсекција и деретизација како општа мерка за заштита на населението од заразни болести;
21. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2012 година;
22. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОУ „Јоаким Крчовскли“ – Крива Паланка за 2012 година;
23. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2012 година;
24. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка за 2012 година;
25. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на  Дом за ученици „Боро Менков “ – Крива Паланка за 2012 година;
26. Предлог – Одлука за остапување на користење на недвижна ствар спотска сала „Петар Поп Арсов“ – Крива Паланка;
27. Предлог – Решение за именување членови на Училишниот одбор на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка;
28. Предлог – Решение за именување членови на Училишниот одбор на ОУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка;
29. Предлог – Решение за именување членови во Управниот одбор на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ – Крива Паланка;
30. Предлог – Решение за именување членови во Управниот одбор на ЈП „Комуналелц“ – Крива Паланка;
31. Предлог – Решение за именување членови на Одборот за контрола на материјално-финансово работење на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
32. Предлог – Решение за именување член во Управниот одбор на Меѓуопштински центар  за социјална работа – Крива Паланка;
33. Предлог – Решение за именување членови во Управниот одбор на Детска градинка „Детелинка“ – Крива Паланка; и
34. Предлог – Решение за формирање комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2013 година.

Седницата ќе се одржи во големата сала на Општина Крива Паланка.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
М.р. Борче Стојчевски,с.р.     

Големина на фонт
Контраст