Резултати за почит – Прес конференција за резултатите од Меѓународниот конкурс за карикатура

Во четврток, 18 април 2013, во просториите на ЛУ Градски музеј беше одржана прес конференција на која беа соопштени резултатите од Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Снаа-Свекрва“. Резултатите ги соопштија градоначалникот на општина Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски и идејниот творец и автор на проектот г. Стојанче Величковски.

ГРАН- ПРИ Милан Алашевиќ, Словенија

Пред преставниците на медиумите градоначалникот изрази  благодарност до 87-те автори од 28 земји, почнувајќи од Иран,Турција, Кина,Узбекистан, преку Аргентина Бразил, Канада  се до Изреал, Мароко, Нигерија… кои што  на конкурсот за карикатура доставија 187 творби, а посебна благодарност му беше изразена и на инцијаторот и автор на проектот г. Стојанче Величковски. Градоначалникот исто така го истакна значењето на овој проект кој ќе овозможи дополнителна афирмација не само на културната манифестација „Поклонение на Св. Тедор-Тирон“ туку и на општина Крива Паланка и на Република Македонија. Токму овие дела ќе бидат преставени пред културната јавност на збратимените градови во Бугарија, Србија, Романија и секако во повеќе градови ширум Македонија.

Авторот на проектот, г. Стојанче Величковски ја потенцираше важноста на меѓународниот конкурс, поддршката и симпатиите што ги освои оваа идеја на меѓународен план. Успешноста на меѓународниот конкурс  за карикатура, како придружна манифестација на Невестинското поклонение во чест на Св.Теодор Тирон,  ќе го подигне нивото на оваа веќе реномирана културната манифестација.

Во кратката анализа на пристигнатите трудови Величковски посебно го потенцираше квалитетот на пристигнатите дела како и реномето на авторите меѓу кои повеќето се од самиот светски врв на листата на најдобри карикатуристи со импозантно портфолио, меѓу кои има автор со 360 награди во 45 земји, добитник на сребрен медал на културната олимпијада во Пекинг, а повеќето од нив имале самостојни изложби во најпрестижните светски галерии.

Стручно  жири, во кое покрај градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски (претседател на жири-комисијата) и авторот Стојанче Величковски, дизајнер и хералдички уметник  (подпретседател на жири-комисијата) учествуваа и Ана Баграјана, поетеса, публицист и новинар од Украина, потоа реномираните карикатуристи од Македонија  Јордан Поп Илиев и Никола Ангелкоски како и академскиот сликар Роберт Цветковски и етнологот Драган Величковски, одлучи:
Прв ностел на наградата гран-при да биде Милан Алашевиќ од Словенија, кој освен епитетот најдобар ќе има чест да биде и прв носител на „Трофејот Невестулка 2013“ и парична награда од 250$.

Првата награда 200$ ја доби Методи Андонов од Македонија , втората Дарко Дрљевиќ 150$ од Црна Гора, третата  Владимир Казаневски 100$ од Украина, наградата за најмлад талентиран автор и припадна на ирачанката Фарзане Вазиртабар, додека специјални награди (сувенир) од Музеј на Македонија ќе добијат уште Гуо Зонг од Кина, аргентинецот Даниел Еудорадо Варела ќе ја добие наградата (сувенир) што ќе го додели Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, Миро Георгиевски ќе добие специјална награда (сувенир) за каркатура во духот на народната традиција што ја доделува Институтот за фолклор на Република Македонија, хрватот Дамир Новак ќе добие сувенири со грбот и знамето на Општина Крива Паланка, Исмаил Кар од Турција ќе го добие „кривопаланечкиот симит во резба“ како сувенир на градот додека русинот Владимир Семеренко ќе добие сувенир од културната манифестација Невестинско Поклонение на Св. Теодор Тирон.

Покрај овие награди Општина Крива Паланка ќе додели три специјални плакети со грбот на Општината за трите национални сојузи на карикатуристи кои најмасовно го поддржаа конкурсот, а тоа се Иран, Турција и Кина.

Дваесет автори чии дела влегоа во потесен избор ќе добијат посебни благодарници за успешни трудови и ќе бидат објавени во целосниот извештај на општинската веб страница.

Времето и местото на изложбата дополнително ќе бидат објавени.

Официјални резултати од конкурсот за карикатура на тема „Снаа-Свекрва“

Големина на фонт
Контраст