Дневен ред на 1-та конститутивна седница на Советот на Општина Крива Паланка

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 1-та Конститутивна седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 12.04.2013 година (петок) во 14 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

Дневен ред:

1. Извештај на Општинска изборна комисија на Крива Паланлка;

2. Избор на Комисија за прашања на верификација, избори и именувања на Советот на Општина Крива Паланка;

3. Верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Крива Паланка; и

4. Избор на претседател на Советот на Општина Крива Паланка.

Седницата ќе се одржи во големата сала на Општина Крива Паланка.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска