Кренато македонско знаме на постаментот во знак на сеќавање на македонскиот херој Јане Јакимовски

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски и претседателот на  Совет д-р Милка Митовска заедно со претставници на општинската администрација  положија свежо цвеќе на споменикот на загинатите македонски бранители Горан Стојановски, Момир Стојановски и Јане Јакимовски, пред  Полициската станица во  Крива Паланка.

Свежо цвеќе на споменикот положија  и Организацијата на резервни офицери на Р. Македонија предводена од проф.д-р. Ѓорги Малковски,  роднините на бранителите, претставници на полициската станица  од Крива Паланка, ОДГ Деве Баир, Полицискиот синдикат, други видни личности и други органи и институции. Од страна на претседателот на ОРОРМ, проф.д-р. Ѓорги Малковски, воедно беа доделение и Благодарници.

Во  организација на извршниот одбор на организационата единица на Организацијата на резервните офицери на РМ на Крива Паланка, во фокусот на годишното чествување на 11-ти Март – Ден на Општинската организациона единица на ОРОРМ Крива Паланка, донесена е  Одлука за одавање почит на резервиниот офицер Јане Јакимовски, кој беше убиен на подмолен и кукавички начин од терористичка група во 2001 година.

По тој повод на Градските гробишта во Крива Паланка во знак на сеќавање на херојот на новопоставениот постамент  беше кренато македонско знаме на кој чин присуствуваше Градоначалникот Арсенчо Алексовски кој се обрати со говор пред присутните, претседателот на  Советот на Oпштина Крива Паланка – д-р Милка Митовска, претставници на општинската администрација и други видни личности од  други органи и институции.

Големина на фонт
Контраст