Информативен состанок со културните дејци од градот

По повод одлуката на Министерството за култура Крива Паланка да биде прогласена за град на културата за 2013 година, градоначалникот Арсенчо Алексовски одржа информативен состанок со културните дејци од општината. На состанокот присуствуваа претставници на здруженијата, образовните институции, НУ Центар за култура како и поединци, кои се дел од културното милје на градот.

Градоначалникот ги информираше присутните за активностите кои ќе следуваат како и за начинот на кој тие ќе можат да се вклучат во истите. За таа цел на учесниците на состанокот им беше поделен формулар во кој можат да ги внесат своите предлог идеи за културни настани во текот на годината.

Пристигнатите предлог идеи, понатаму ќе бидат разгледани од страна на организациониот одбор, кој ќе ги дефинира конкретните активности, настани и манифестации, ќе изготви програма и истата ќе ја достави до Советот на општината за усвојување.


Големина на фонт
Контраст