Услови за добивање места на кои можат да се истакнуваат изборни плакати

Врз основа на член 78 од Изборниот Законик („Службен весник на Република Македонија“ број 40/2006, број 136/2008, брoj 148/2008,  број 155/2008, број 163/2008), број 44/2011, број 51/2011),“) и член 3 од Одлука за утврдување на места на кои можат да се истакнувааат изборни плакати бр.07-928/5 („Службен гласник на Општината Крива Паланка“, број 4/06), Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура на општината Крива Паланка, на 01.02.2013 година утврди:

У С Л О В И
ЗА ДОБИВАЊЕ МЕСТА НА КОИ МОЖАТ ДА СЕ ИСТАКНУВААТ
ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ

1.Место за истакнување на изборни плакати може да добие секоја регистрирана политичка партија самостојно, коалиции, како и група избирачи (во понатамошниот текст: подносител на листа) врз основа на одобрение од Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура на општината Крива Паланка.

2.За добивање одобрение, подносителот на листата е должен да поднесе барање до Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура на општината Крива Паланка.

3.Со барањето треба да достави полномошно од овластено лице за поднесување на барањето издадено и заверено од подносителот на листата. Местата за истакнување плакати, одделението ќе ги подели по пат на ждрепка. Ждрепката ќе се изврши по објавување на утврдените листи на кандидати од страна на надлежната изборна комисија. За денот на ждрепката, организаторите на изборната кампања ќе бидат известени преку јавните гласила во Општина Крива Паланка.

4.Одобрението, со прецизно назначување на местото за истакнување на изборни плакати, одделението ќе го издаде во рок од 3 дена од денот на одржаната ждрепка.


ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Одделение за изградба и одржување на комунална инфраструктура на
општината Крива Паланка
Раководител
Александар Ангелов

Големина на фонт
Контраст